Русија ќе му продаде евтина нафта на Пакистан

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека е постигнат договор Пакистан да ја добие првата пратка руска нафта по намалена цена.

„Додека зборуваме, руската нафта се товари за да биде испратена наваму“, рече премиерот во парламентот.

Според договорот, Пакистан ќе купува само сурова нафта, а не нафтени деривати.

Министерот за нафта на земјата, Мусадик Малик, минатата недела потврди дека Пакистан ја набавил првата пратка руска сурова нафта по намалена цена.

Исламабад сака да увезува 100.000 барели дневно доколку првата трансакција се одвива без проблеми.

Првата пратка најверојатно ќе пристигне во пристаништето Карачи во мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот