Русија и Иран заедно ќе ја произведуваат вакцината Спутник

Фото: EPA-EFE/Bolivian Ministry of Foreign Affairs / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали денеска потврди дека Москва и Техеран потпишале договор за купување и заедничко производство на руската вакцина против коронавирусот Спутник V, а првата серија на вакцината ќе пристигне во Иран до 7 февруари.

– Договорот за откуп и заедничко производство на Иран и Русија беше потпишан вчера, а според договорот постигнат со шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, првата серија вакцини ќе биде испратена во Иран до 7 февруари – изјави Џалали за агенцијата ИРНА.

Тој исто така најави дека делегација од иранското Министерство за здравство ќе пристигне во Москва во следните десет дена за да разговара за производството на руската вакцина во Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф претходно изјави дека иранските власти ја одобриле вакцината Спутник V.

Во август 2020 година, Русија стана првата земја што регистрира вакцина против коронавирус наречена Спутник V, развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Барањата за купување на вакцината се примени од повеќе од 50 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот