Русија и Белорусија ќе ги распоредат војските на западните граници

Александар Лукашенско, Владимир Путин
Александар Лукашенко и Владимир Путин во Москва / Фото: EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / Архива на Слободен Печат

Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека Белорусија и Русија ќе распоредат заеднички воени единици на западните граници на земјата како одговор на, како што рече, „ескалацијата на тензиите“, објави државната новинска агенција Белта.

Ројтерс пренесува дека агенцијата го цитира Лукашенко, кој изјавил дека двете земји ќе распоредат регионална воена група, која почна да собира сили пред два дена, очигледно по експлозијата на мостот на Крим.

Руската државна агенција РИА Новости пренесува дека Лукашенко рекол: „Сето ова е според нашите документи. Ако нивото на закана го достигне сегашното ниво, почнуваме да ја користиме државната заедница“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот