Русија го презеде претседавањето со СБ на ОН, за Кулеба тоа е „најлошата провоаприлска шега“

Совет за безбедност на ОН / Фото EPA-EFE/JASON SZENES

Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН и покрај апелот на Украина до членките да го блокираат руското преземање, пренесе денеска Би-би-си.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба оцени дека рускиот трансфер е „најлошата првоаприлска шега досега“ и „силен потсетник дека нешто не е во ред со начинот на функционирање на меѓународната безбедносна архитектура“.

Секоја од 15-те членки на Советот за безбедност на ОН на еден месец го презема претседавањето со телото и тоа врз ротирачка основа. Последен пат Русија претседаваше со Советот за безбедност, во февруари 2022 година, месецот кога ја почна инвазијата врз Украина.

Тоа значи дека Советот за безбедност е предводен од земја чиј претседател е под меѓународна потерница за наводни воени злосторства, откако Меѓународниот кривичен суд минатиот месец издаде налог за апсење на Владимир Путин.

И покрај приговорите на Украина, САД соопштија дека нема да ја блокираат Русија, постојана членка на Советот за безбедност, да го преземе претседателството.

Постојани членки на Советот за безбедност се САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија.

Функцијата е главно процедурална, но рускиот амбасадор во ОН, Васил Небензија, за Тасс изјави дека планира да организира неколку дискусии, вклучително и една за контрола на оружјето.

Тој додаде и дека ќе се разговара и за „новиот светски поредок“ што ќе го „замени униполарниот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот