Русе Арсов пред доделувањето на Оскарите: Дојдоа и нашите пет минути да се радуваме на културата

Ќе имаме проекција на филмови, и ние ќе имаме црвен килим, за нашите гости, овде во Скопје- рече директорот на МКЦ, Русе Арсов во „Утрински брифинг“.

Во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ во рубриката „Општествена сцена“ со новинарката Александра Бубевска говореше Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), кој кажа дека во недела, на деветти февруари ќе биде организирана специјална програма, на следење на церемонијата на доделувањето на наградите „Оскар“.

-Почувствувавме дека треба на наш начин да дадеме поддршка на нашите другари од „Медена земја“. Организираме целовечерно следење на „Оскарите“ во МКЦ, но нема да биде класичен директен пренос, со гледање во телевизори, туку подготвуваме специјална програма со музички гости, чии имиња уште не ги откриваме, за да бидат изненадување. Ќе имаме проекција на филмови, и ние ќе имаме црвен килим, за нашите гости, овде во Скопје- рече директорот на МКЦ, Русе Арсов во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека ќе има и пренос во живо на социјалните мрежи, од настаните во МКЦ.

-Се тоа што се случи со номинациите и сите награди што ги доби овој филм е голема победа на една мала кинематографија, каква што е нашата. Сето тоа е добро да се врати фокусот на јавноста кон културата- рече Арсов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот