Румена Бужаровска: На утрешниот Меѓународен ПичПрич ни гостуваат четири извонредни писателки и раскажувачки

„Жени во текст“ е темата на првиот меѓународен ПичПрич што ќе се одржи онлајн на Фејсбук страницата на ПичПрич овој четврток – 29 април од 19 часот, и во фокус ја става перспективата на жените што пишуваат. Иницијативата за раскажување на женски приказни започна пред неколку години и досега сме имале десет изданија. Првиот ПичПрич се одржа во соработка со фестивалот „Прво па женско“ и се одржа на 8 март и ние се’ уште сме тандем со „Тиииит инк“, го организираме ПичПрич заедно со Ана Василева.

Идејата беше да се стават во фокус женските приказни, тие да се нормализираат и на извесен начин со нив да се преземе јавниот простор, а исто така целевме кон продолжување на традицијата на женската усна историја. Овојпат темата е „Жени во текст“ или на англиски „Writing women“, а се одлучивме за жени писателки бидејќи во денешно време читателската публика се состои главно од жени, меѓутоа о во книжевниот канон нема многу писателки, а тоа може да го видите и според тоа што се учи во училиште, кои се лектирите и кои се книгите што се реиздавани. Обично околу 90 отсто се работи за мажи автори и само неколку авторки. Покрај тоа што жените се главно читателки, во книжевноста недостасуваат женските искуства и не се зборува за нив, а истовремено недостасуваат и институционални признанија или награди кога се работи за жените писателки.

Таа ситуација сега се менува на светско ниво, голем број авторки се во подем и како дел на една еманципаторска женска револуција што се отсликува и во книжевноста“, вели за Утрински брифинг Румена Бужаровска, писателка и една од организаторките на ПичПрич. Гостинки на овој ПичПрич се: Фиона Сампсон позната британска поетеса и писателка, која доаѓа од Велс и чии дела се преведени на триесет и осум јазици. Авторка е на триесет и седум дела, меѓу кои и биографијата на Мери Шели, како и добитничка на голем број награди. Таа и’ е позната на македонската публика бидејќи има учествувано на Струшките вечери на поезијата, а во 2005 година, „Магор“ ја издаде нејзината збирка поезија во превод на Магдалена Хорват. Техила Хакими, израелска писателка и поетеса од помладата генерација, која по професија е машински инженер, но веќе има добиено престижни призанија. Раша Кајат е германска романсиерка, есеистка и преведувачка.

Студирала компаративна книжевност, германистика и филозофија на Универзитетот во Бон. Таа е со арапско потекло и во своите дела го проблематизира двојниот идентитет и четвртата раскажувачка е еден од најинтересните книжевни гласови во Русија, Алиса Ганиева која пишува романи и есеи. Добитничка е на престижната дебитантската награда на фондот ,,Поколение’’, која се доделува на млади писатели. Книгата за која го добила признанието ја напишала под машки псевдоним и тоа предизвикало своевиден скандал во книжевните кругови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот