РСБСП апелираат родителите да ги информираат децата за основните правила и прописи во сообраќајот

Фото: РСБСП

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата денеска започна кампања преку која апелираат до родителите да ги запознаат децата со основните правила и прописи во сообраќајот и со опасностите што секојдневно ги демнат.

-Сообраќајната некултура и незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи. Секој родител или старател има обврска да го информира и да го запознае детето со тоа каде треба да се движи и како безбедно да ја помине улицата или крстосницата, како безбедно да користи јавен превоз, кој е најбезбедниот пат од дома до училиште и обратно- се дел од препораките на РСБСП.

Советот апелира, родителите да не дозволуваат деца на возраст до 12 години да седат на предното совозачко седиште, а деца до 10 годишна возраст, пак, да не возат велосипед на јавен пат или на улица.

-Оние родители кои имаат повозрасни деца кои се подготвуваат да станат возачи, наместо да се грижат за тоа како нивните деца ќе положат возачки испит, многу подобро е да се грижат за тоа како нивните деца да станат одговорни и безбедни возачи, велат од РСБСП и препорачуваат секој родител чие дете полага за возачки испит да разговара со своето дете и да му укаже на одговорноста и последиците со кои може да се соочи или да ги предизвика доколку не ги почитува правилата и прописите во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот