Роналдо е прескап за турскиот гигант, Фенербахче сега гледа кон Азар

Еден Азар, белгискиот фудбалер на Реал Мадрид/фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Летниот преоден рок во Топ 5 европските првенства веќе е затворен, но и натаму е во тек оној во Турција кој е отворен до 8 септември.

Турскиот гигант Фенербахче во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ќе се обиде да ангажира ново големо засилување, пренесуваат медиумите во Турција.

Станува збор за белгиската ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар кој е „план Б“ за Фенер кој не може да си го дозволи Кристијано Роналдо, играчот на Манчестер јунајтед.

Различни информации, пак, доаѓаат од Шпанија, каде се тврди дека Реал Мадрид нема да преговара повеќе летово и дека нема да има повеќе излезни трансфери.

Тренерот на „кралскиот“ клуб, Карло Анчелоти неколку пати изјави дека Азар ќе добие повеќе шанси во однос на минатата сезона кога само седумпати беше стартер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот