
Родителите на жената која ја застрела Алек Болдвин заглавени во Киев
Родителите на снимателката Халина Хачинс, која беше застрелана од Алек Болдвин минатиот октомври за време на снимањето на филмот „Рѓа“, се заглавени во Киев, Украина.
Препорачано
Сопругот на несреќната снимателка, Мет Хачинс, во „твит“ рекол дека родителите на неговата покојна сопруга, родени во Украина, Олга и Анатолиј Андросович, останале во Киев, наведува НПР, пренесува „Метро“.

Се наведува и дека тој рекол дека Олга продолжува да работи во болницата каде што била медицинска сестра повеќе од три децении, пишувајќи на Твитер дека продолжува „затоа што ѝ е потребна на нејзината земја, но и затоа што не можат безбедно да заминат“.
„Нејзините родители останаа во Киев за да се подготват за најлошото. Мајка Олга сè уште работи како медицинска сестра во болницата каде што работеше повеќе од 30 години“, тврди Метју.
Тој додал дека сестрата на неговата сопруга Светлана безбедно побегнала во Романија заедно со нејзината тригодишна ќерка и дека „ќе продолжи кон западна Европа“.
Мет повикал и на поголема поддршка за украинските бегалци, воена помош и дипломатска интервенција за заштита на независноста на земјата.
Инаку, Хачинс е родена во Житомир, Украина, во 1979 година, која тогаш беше дел од Советскиот Сојуз.
View this post on Instagram
Поголемиот дел од своето детство го поминала во советската поморска база, пред да стане директорка на фотографија откако студирала новинарство на Националниот универзитет во Киев. Таа го задржала украинското државјанство откако ја напуштила земјата и се омажила за Мет Хачинс, американски државјанин. Тие го имаат деветгодишниот син, Андрос.
Алек Болдвин го обвини сопругот на убиената Халина Хачинс: Само сакаш пари!