Роџер Вотерс за немирите меѓу Израел и Палестина: Светот мора да го притисне Израел

epa-efe
Роџер Вотерс / Фото EPA-EFE/VICKIE FLORES

Светските власти мораат да престанат со секоја воена помош за Израел за да се стави крај на нападите врз Газа, изјави за „РТ“ ко-основачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс.

На прашањето дали очекува Тел Авив да ја запре својата офанзива наскоро од борбите меѓу израелските сили и палестинските милициски групи со седиште во Газа, Вотерс изрази песимизам, велејќи дека нападот ќе заврши само под притисок од меѓународната заедница.

Сè додека не се изврши притисок врз израелската влада да го запре нивниот жесток и убиствен напад врз Газа, тие нема да престанат по своја волја. Нивната волја нема одеднаш да исчезне… Тие нема одеднаш да ги променат своите политики“, рече тој, додавајќи дека воената помош од странство треба да биде меѓу првите ставки за ставање крај на немирите.

Говорејќи за моменталната состојба во Газа, која останува под силна израелска блокада и окупираниот Западен брег, Вотерс вели дека ситуацијата е едноставно „неиздржана“.

Тоа не е иднина што може да преживее. Јавното мислење се менува низ целиот свет“, рече тој, додавајќи: „Според мене, глобалното граѓанско општество нема да им дозволи да се извлечат од тоа“.

Вотерс вели дека Бајден не покажал интерес за промена на крајно блиските односи на Вашингтон со Тел Авив.

Во моментот кога беше инаугуриран како претседател на Соединетите држави, Бајден рече дека тој е најголемиот пријател што Израел го имал некогаш“, рече Вотерс. „Тој ќе продолжи да им дава воена помош од 3,8 милијарди долари годишно и нема да ја премести Американската Амбасада од Ерусалим во Тел Авив каде што припаѓа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот