Роберт Митев е трето ново име во редовите на ФК Вардар во зимскиот преоден рок

фото: ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар за кратко време промовираше три нови засилувања пред стартот на вториот дел од сезоната.

Трето ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок е Роберт Митев кој потекнува од фудбалската академија на Вардар.

Доаѓа од екипата на Охрид, а во својата кариера претходно ги бранеше и боите на Силекс, Тиквеш и Беласица.

Претходно ФК Вардар во текот на зимскиот преоден рок ги ангажираше и Дарко Размоски од Охрид, и Дејан Цветаноски кој до сега настапуваше за Силекс.

Играчите предводени од тренерот Бобан Грнчаров ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Скопските „црвено-црни“ ќе одиграа три контролни натпревари, денеска против Тетекс, на 8 февруари против Скопје и на 11 февруари ќе тестираат со Работнички.

Вардар се засили од Охрид: Потпиша со Дарко Размоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот