РК Еурофарм Пелистер ги започна подготовките, разигрувањето за титулата почнува во февруари

фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска ги започна подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезоната 2023/24.

Под водство на стручниот штаб и тренерот Бранислав Ангеловски актуелниот македонски шампион го одработи првиот тренинг.

Девет репрезентативци од битолскиот клуб се дел од Европското првенство, а голманот Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации. Тие ќе се приклучат кон подготовките по завршувањето на континентналните натпреварувања.

Екипата деновиве ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по комплетирањето предвидени се неколку контролни натпревари.

Разигрувањето за титулата во домашниот шампионат почнува во втората недела од февруари 2024 година.

Ангеловски ја доби довербата од Еурофарм Пелистер, потпиша перманентен договор

ВИДЕО | Кизиќ и Томовски едногласни: Утрешниот натпревар е историски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот