Ристовски: Разочарани сме, но Грузија беше подобра и мора да ѝ се честита

Милан Ристовски/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Селекцијата на Македонија го доживеа првиот пораз во Лигата на нации, во Скопје загуби од Грузија со 3:0, а фудбалерот кој е задолжен за давање голови Милан Ристовски вели дека сите фудбалерите се разочарани, но не се откажуваат од битката за првото место во групата.

По три кола во групата 4, Грузија има максимални девет бода, додека Македонија е втора со четири бодови.

– Со оглед на тоа колку се подготвувавме и верувавме во овој натпревар, разочарани сме. Но, понекогаш фудбалот е таков, да не речам суров. Не секогаш испаѓа така како што ќе замислите. Грузија беше подобра и мора да ѝ се честита. За жал, мора да се надеваме сега и да правиме математики. Не сакавме да се доведеме во таква ситуација, но, за жал ќе мора да чекаме на кикс на противникот и ние да победиме на гости ако сакаме да конкурираме за првото место – рече Ристовски.

Јунскиот циклус во Лигата на нации, Македонија ќе го заврши в недела (18 ч.) кога во Скопје ќе игра против Гибралтар кој пак вечерва приреди изненадување играјќи 1:1 против Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот