Ристевска-Јодранова: Ќе ѝ биде тешко на Франција да го закочи приемот на Македонија

Германските пратеници дадоа согласност за пристапни преговори на Македонија за Европската Унија, но сега Франција останува земја која може да го одложи датумот за преговори.

Малинка Ристевска Јорданова од Институот за европска полтика за „Слободен Печат“ вели дека е тешко да се прогнозира како ќе постапи Франција.

– Ќе ѝ биде тешко на Франција да го закочи приемот на Македонија во услови кога Германија и Холандија се без резерви. Сè може да се очекува од Франција поради нивниот премногу тврд став во однос на проширувањето, но поверојатно е да бараат некакви дополнителни гаранции во самиот процес дека нема да влеземе во ЕУ недоволно подготвени  или  натаму значително да ја забавуваат динамиката на процесот – изјави Ристевска Јорданова за „Слободен Печат “.

Бундестагот вчера одлучи на Македонија да и даде безусловна поддршка за старт на преговорите со Европската Унија.

– Германија веќе ги издвои двете држави по фактот што за нас нема услови за почетокот на преговорите, а за Албанија има многу конкретни услови поставени во прецизна временска рамка. Тоа се уште не значи „растурање“ на пакетот. За секоја земја е поприфатливо да не биде врзувана во пакет, но за државите членки и европските институции тоа е обично поприфатлив начин – вели Ристевска Јорданова.

Таа одлуката на Германија ја оценува како позитивна, но порачува дека внимателно треба да се читаат констатациите, поставените приоритети и препораки до Комисијата, затоа што тие ќе влијаат на форматот на преговорите, а извесно е и да бидат внесени и во преговарачката рамка.

Покрај Франција, уште Данска и Холандија се земјите кои треба да се изјаснат дали се согласуваат Македонија во октомври да добие датум за преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот