„Рибља чорба“ го откажа концертот во Ниш: Бора е болен, лекарите се загрижени

рибља чорба
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Легендарниот српски бенд „Рибља чорба“ нема да настапи утревечер во Ниш на плоштадот Крал Милан, поради болеста на фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, дознава српски „Курир“, на голема жалост на многубројните обожаватели кои долго се подготвуваа за ваков спектакл.

Во извинувањето на оваа жива легенда на рокенролот, се наведува дека лекарот строго му забранил секаков напор, бидејќи боледува од тешко воспаление на белите дробови, така што настапот ќе му ја влоши здравствената состојба.

Претставниците на бендот на социјалните мрежи објавија дека лекарите му забраниле на Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешкиот грип и проблемите со хроничната опструктивна болест на белите дробови.

– Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во прва прилика – им порачал Бора на организаторите од градската структура на управата.

Тој и „Рибља чорба“ требаше да настапат од 20 часот утре во Ниш, а задутре и во Бор. Како што неофицијално се дознава, во тек се преговори со бендот „Ван Гог“, кој во секој свој настап во Ниш, а ги имаше неколку такви, покажувал впечатлива нота на професионализам и ѝ пружал одлична атмосфера на публиката.

Како што е најавено, за новогодишната ноќ во Ниш ќе настапат пејачите Виолета Вики Миљковиќ и Бобан Здравковиќ.

ФОТО | „Рибља чорба“ и „Атомско склониште“ покажаа дека за љубов и за рок треба да се има душа

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот