Рибари пронашле вреќи со дрога вредна 18 милиони евра

Мјанмарски рибари пронашле во морето вреќи со дрога – кристален метамфетамин, со пазарна вредност од 18 милиони евра.

Вреќите со дрога пловеле во Андаманското Море, долж брегот на Мјанмар. Во секоја од 23-те вреќи се наоѓале пластечни ќесички со ознака „Кинески зелен чај”.

Не знаејќи какви кристали се наоѓаат во ќесичките, рибарите мислеле дека тоа е еден вид дезодоранс кој обично се користи во Бурма, се намачкале со него и добиле изгореници на кожата, а свеста им се поматила, наведуваат локални претставници. Веднаш потоа била информирана полицијата, која се уште одбива да издаде соопштение.

Мјанмар, кој по големина е втор производител на опиум во светот, зад Авганистан, според податоците на Службата на ОН за дрога и криминал, е еден од најголемите производители на метамфетамин во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот