РФМ: Извлечени паровите од Куп натпреварувањето на Македонија

Благојче Тодоровски во РФМ доаѓа на местото на Славе Николов/Фото: macedoniahandball.com.mk

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа извлекување на елиминационите парови во машка конкуренција и групите во женска конкуренција.

Во Куп натпреварувањето учествуваат вкупно 31 екипа, вкупно 12 од Супер Машка Лига и 19 од Прва Машка Лига. Екипата на РК Вардар 1961 како победник на купот 2020/2021 ќе биде слободна во елиминациското коло и ќе се вклучи во натпреварувањето во групна фаза и ќе биде сместена во првиот шешир.

Куп мажи – елиминации (парови):

РК Вардар 1961 – слободен

ГРК Борец – ГРК Тиквеш 2014

РК Работнички – РК Драчево

РК Пролет 62 – РК Кичево 2020

ГРК Охрид – РК Преспа 2015

РК Алкалоид – РК Радовиш

РК Скопје 2020 – РК Текстилец

РК Металург – РК Јехона

РК Аеродром – РК Младост 1977

РК Јуниор К.В – МРК Куманово

РК Македонија Ѓ.П – РК Струга

РК Бутел Скопје – РК Вардар Неготино

РК Астраион Хендбол – РК Прилеп

Голден Арт – РК Партизан 2016 Спорт

РК Шампион – РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Металург РА

Натпреварите ќе се играат на 13/14.11.2021.

Екипите победници во елиминационите натпревари ќе бидат поделени во четири сада за жребање во 1/16 финале (групната фаза) според листата во Пропозициите за КУП натпреварувањето за 2021/2022 година која е направена според пласманот на екипите на полусезона за 2021/2022 година. Во Купот во Женска конкуренција ќе се натпреваруваат 15 екипи.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи А, Б, В и Г. Групите А, Б и В ќе имаат по четири екипи, а групата Г ќе три екипи. Групите се формираат со жребање на екипите од секој сад по една екипа во група.

Во групите А, Б и В ќе се играат два полуфинални натпревари по систем 1/4 и 2/3 (Бергер), победниците од полуфиналните натпревари ќе играат во финале, а во група Г ќе се игра еден полуфинален натпревар помеќу екипите кој ќе бидат извлечени со реден број 2 и 3, а број 1 ќе биде слободен и ќе игра финален натпревар со екипата победник од полуфиналниот натпревар. Победниците од финалните натпревари ќе играат на Ф-4.

Куп жени – групна фаза:

Група А:

ЖРК Вардар
Ѓорче Петров ЖРК
РК Кузман Вардар Илинден
ЖРК Стружанка
Натпревари група А:

ЖРК Вардар – ЖРК Стружанка

Ѓорче Петров ЖРК – РК Кузман Вардар Илинден

Група Б:

РК Феникс АМС
ЖРК Овче Поле СУ
ЖРК Чаир
РК Спартак
Натпревари група Б:

РК Феникс АМС – РК Спартак

РК Овче Поле СУ – ЖРК Чаир

Група В:

ЖРК Металург
ЖРК Шампион
ЖРК Гевгелија
ЖРК Астибо
Натпревари група В:

ЖРК Металург – ЖРК Астибо

ЖРК Шампион – ЖРК Гевгелија

Група Г:

ЖРК Деспина
ЖРК Пелистер 2012
ЖРК Куманово
Натпревари група Г:

ЖРК Деспина – слободна

ЖРК Пелистер 2012 – ЖРК Куманово

Наптреварите ќе се играат на 19/20.03.2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот