Ременски врши увид во доказите кои ги прибра ОЈО за „Меѓународен сојуз“

Фото: Слободен печат

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите кои ги собрало Обвинителството во истрагата за невладината органзација „Меѓународен сојуз“, чиј почесен претседател беше токму Ременски, пренесе „Фокус“.

Освен Ременски можност за увид во доказите имаат и првоосомничениот Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, кој беше претседател на организацијата и негоовиот татко МИле Јовановски.

Вчера увид во доказите извршиле осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација, и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски. По отворањето на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори уште една истрага за „Меѓународен сојуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот