РЕКОРД: Лукаш Пакета е најскапото засилување во историјата на Вест хем

Лукаш Пакета е новиот играч на „чеканите“/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Вест хем промовираше уште едно засилување за новата натпреварувачка сезона, а станува збор за Лукаш Пакета.

Овој фудбалер доаѓа од редовите на Лион, тоа е осмото засилување во летниот преоден рок за „чеканите“, воедно најскапо во историјата на клубот.

Англичаните за Пакета на Французите им платија 51 милион фунти, така е надминат клупскиот рекорд на Себастијан Але за чии услуги во 2019 година беа издвоени 45 милиони.

Пакета со Вест хем потпиша договор на пет години, а има опција истиот да го продолжи на уште една сезона.

Има вкупно 33 натпревари за најдобрата бразилска репрезентација и постигна седум голови. Играчот за врска во нападот после Фламенго, играше за Милан, а во Лион имаше две одлични сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот