Рекет на Надал продаден за 118.206 долари

EPA/CHRISTOPHE KARABA

На аукција продаден рекетот на Шпанецот со кој го освои Ролан Гарос 2007. Ова е трет најскап тениски рекет во светот

Рекетот со кој Рафаел Надал победи во финалето на Ролан Гарос 2007 година денеска беше продаден на аукција за 118.206 американски долари.

Во финалето на Ролан Гарос пред 17 години, Шпанецот го победи Роџер Федерер со 6-3, 4-6, 6-3, 6-4. Тоа му ја донесе третата грен-слем титула на Шпанецот.

Надал сега има вкупно 22 грен слем титули, односно две помалку од рекордерот Новак Ѓоковиќ.

Продадениот рекет Надал го искористи и во полуфиналето во кое го победи Ѓоковиќ. Во последниве години, овој рекет се чуваше во тенискиот музеј во Австралија.

Оваа продажба го прави рекетот на Надал трет најскап во историјата.

Со највисока цена е рекетот со кој Надал го освои Австралија опен во 2022 година – 139.700 долари. Втор најскап рекет е оној на Били Џин Кинг во мечот наречен „битката на половите“ (1973) кој е купен за 125.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот