Реграги: Добро е да се биде малку луд, Мароко сака да го освои Светското првенство

Валид Реграги и Мароко се најголемиот фудбалски хит на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Мароко e првата африканска репрезентација во историјата која се пласирала во полуфиналето на Светското првенство.

Селекцијата предводена од Валид Реграги на клупата во елиминациската фаза ги исфрли Шпанија и Португалија во нокаут фазата и во среда од 20.00 часот ќе игра за пласман во финалето против актуелниот светски шампион, Франција.

– Ќе играме против актуелните светски шампиони. Тие имаат одлични играчи и го имаат најдобриот тренер во светот. Но, ние веруваме дека можеме да се најдеме во финалето и зошто да не веруваме дека можеме да го освоиме Светското првенство – рече Реграги, кој е убеден дека Ашраф Хакими може да го запре неговиот клупски колега од ПСЖ, Килијан Мбапе.

Мароко до историско полуфинале со само еден примен гол на Светското првенство

– Ако некој го познава Мбапе подобро од мене, тоа е Хакими. Немаме некоја посебна тактика бидејќи Франција не се само Мбапе, Гризман или Дембеле. Ќе биде одличен дуел меѓу Ашраф и Мбапе – вели мароконскиот селектор.

Реграги верува дека неговите играчи можат да ја освојат светската титула.

– Гледам луѓе кои велат дека ова е нашиот максимум, но јас сакам да го освоиме Светското првенство. Тоа не се само зборови, мораме да одиме понатаму, можеби нема да имаме друга можност. Не сме фаворити, но самоуверени сме – можеби тоа ме прави луд? Малку лудо може да биде добро. Сакаме да ја освоиме титулата нашите навивачи дефинитивно ќе ни помогнат да го направиме тоа. Ја сакам мојата земја. Ние не сме уморни – се зборовите на Реграги.

ФОТО+ВИДЕО | Еуфорија: Илјадници навивачи го слават историското полуфинале на Мароко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот