Мароко до историско полуфинале со само еден примен гол на Светското првенство

фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ја совлада Португалија со 1:0 со голот на Ен-Несири во 42 минута.

Мароканците се првата репрезентација од Африка во историјата која се пласирала во полуфинале на светските првенства.

За пласман во големото финале в среда со почеток од 20.00 часот играчите на селекторот Валид Реграги ќе играат против актуелниот светски шампион Франција, а еден ден порано во првото полуфинале Хрватска ќе игра против Аргентина.

Од почетокот на Светското првенство до пласманот во полуфиналето мароканските фудбалери примија само еден гол. И тоа автогол на Најеф Агерд во групната фаза во победата над Канада (2:1).

Последниот пораз Мароко го имаше на контролниот меч годинава на 1 јуни од САД во Синсинати (3:0).

Светско првенство 2022 Катар

Групна фаза
Мароко – Хрватска 0:0
Мароко – Белгија 2:0
Мароко – Канада 2:1

Осминафинале
Мароко – Шпанија 0:0 (3:0 пенали)

Четвртфинале
Мароко – Португалија 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот