Рецепти за нега од домашната кујна на Ели Танасковска

Ели танасковска

Едноставни и ефикасни совети за негувано лице, коса и стапала, кои редовно ги применува уредничката и водителка во културно-уметничката програма на МТВ, Ели Танаскова.

Лице – Лицето им го оставам на професионалци. Редовно одам на класичен третман. Одвреме – навреме ставам маска за лице направена од мед, цимет и маслиново масло.

Коса – Бидејќи ми е косата кадрава и често изложувана на фен и на бои, на три дена редовно ставам маска направена од затоплено кокосово масло, кое убаво го втријувам во коренот на косата. Потоа, во раствор на пантенол ставам ампула од коприва и неколку капки рицинус. Влакното се закајнува, а косата е сјајна и лелеава.

Стапала – После редовниот педикир, навечер со туфер нанесувам смеса од помешани млеко и цеден сок од портокал, во размер еден на еден. Потоа нанесувам маска од парафиново масло помешано со изгмечена банана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот