Речиси четири милиони луѓе ќе можат да го дадат својот глас на изборите во Хрватска

На претстојните претседателски избори во Хрватска право на глас ќе имаат 3.854.747 гласачи, соопштија денеска хрватските власти.

Како што јави дописникот на МИА, од запишаните гласачи во избирачкиот список 3.677.907 се жители на Хрватска, додека во странство своето право на глас ќе можат да го остварат 176.843 граѓани.

На претстојните претседателски избори во Хрватска запишани се поголем број гласачи во споредба со неодамнешните избори за Европскиот парламент, кога право на глас имаа 3.831.389 граѓани.

Првиот круг на претседателски избори ќе се одржи на 22 декември, а доколку е потребно вториот е закажан за 5 јануари 2020 година.

Според анкетите, најголем рејтинг има актуелната претседателка и кандидат на Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабар-Китаровиќ, а шанси за втор круг им се дава и на кандидатот на Социјалдемократска партија (СДП) Зоран Милановиќ и независниот кандидат Мирослав Шкоро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот