Речиси 4 милиони лајкови: Најдолгата холивудска караница официјално заврши со оваа фотографија

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ katyperry

Кети Пери објави селфи со Тејлор Свифт на Инстаграм, а нивната заедничка фотографија за само еден ден им се допадна на повеќе од 3,2 милиони луѓе и досега собрала дури 3,6 милиони лајкови.

Пери го следеше првиот настап на Тејлор во Сиднеј во рамките на турнејата „The Eras“ во друштво на Рита Ора и сподели неколку фотографии и видеа од концертот, а вниманието го привлече нејзиното селфи со моментално најпопуларната пејачка во светот, кое е направено зад сцената, пишува „Си-ен-ен“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ katyperry

„Морам да видам една стара пријателка како блеска вечерва“, напиша Кети покрај објавата. Имено, пејачките беа скарани речиси 10 години, а фановите нивната фотографија ја протолкуваа како симбол на помирување и крај на најдолгата караница меѓу познатите.

„Во 2014 година не можевме да замислиме дека ова ќе се случи“, „Ова е како сон“, „Ќе го срушиш интернетот“, „Жените ги поддржуваат жените“, „Треба да се смириме“ и „Сега направете соработка“ , се само неколку од коментарите на фановите.

Расправијата меѓу двете поп кралици започна пред 10 години. Порано беа добри пријатели, но тоа се промени во 2014 година, а нивната расправија стана јавна откако Свифт ја објави песната „Bad Blood“.

Имено, во песната Тејлор зборува за поранешна пријателка која и „забодел нож во грб“, а во интервјуата споменувала „позната пејачка“ која „се обидела да ја саботира нејзината турнеја и ги земала танчерите“.

“Со години не бев сигурна дали сме навистина одлични пријателки или таа само ме навредуваше. А потоа направи нешто што ме натера да мислам дека сме заколнати непријатели”, рекла Свифт во едно интервју, алудирајќи на тоа дека Пери ги крадела нејзините танчери.

Но, ниту Пери не ѝ остана должна, па својата поранешна пријателка ја нарече „волк во јагнешка кожа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот