Рецепт за запечен камамбер, вистински хедонизам

Фото: Flickr/Nadin Sh/ Pexels

Камамбер е меко француско сирење од кравјо млеко од Нормандија спакувано во мала дрвена кутија. Се работи за сирење со препознатлива тенка кора покриена со бел слој. Го краси силен дрвенест вкус, светложолта боја и мека средина.

Можете едноставно да го исечете и да го грицкате со чаша бело или пенливо вино. А, можете малку да се потрудите и да го испечете. Совршено оди со јаткасти плодови и овошје.

Идеален прилог ако правите мезе, а може да послужи и како сос за макање – по ваша желба.

Фото: Flickr

Препечете малку леб, прелијте го со маслиново масло, потопете го лебот во растопениот камамбер и испијте чаша од вашето омилено бело вино… Звучи како комбинација од соништата, нели?

Растопениот камамбер е неверојатно едноставен за подготовка, а на аромите со кои ќе се исполни кујната никој нема да остане рамнодушен. Овој специјалитет е милина за сечие непце.

Во продолжение ви донесуваме два начина на печење на камамбер, за сечиј вкус:

Прв начин
Состојки:

– сирење камамбер
– 1 чешне лук
– гранче свеж рузмарин
– маслиново масло

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Извадете го камамберот од обвивката и положете го назад во дрвената кутија. Ако ја нема во пакувањето, користете алуминиумска фолија. Од неа направете гнездо во кое едноставно ќе го ставите сирењето. Со остар нож засечете го врвот на сирењето, ситно исечкајте го лукот и ставете го во процепите што сте ги направиле на сирењето.

Камамберот прелијте го со маслиново масло и одозгора посипете свеж рузмарин.

Ставете го камемберот на плех и печете го 20 минути на 180 степени, додека малку не порумени.

Фото: Pxfuel

Втор начин
Состојки:

– сирење камамбер
– мед
– мелена чили пиперка
– гранче мајчина душица
– крупна сол

Подготовка:

Извадете го камамберот од обвивката и оставете го само во дрвената кутија. Засечете го сирењето и во резовите сипете мед или јаворов сируп така што да влезе внатре за да се соединат вкусовите.

Посипете мелени чили пиперки врз сирењето и крупната морска сол, а на крајот врз него ставете едно до две гранчиња свежа мајчина душичка.

Печете на 180 степени околу 20 минути.

Послужете го печеното сирење со тостиран, препечен леб и секако, ова гастрономско уживање залејте го со бело вино.

Фото: Flickr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот