ВИДЕО | Рецепт за полнети пиперки со домати и компири, повкусни не сте јаделе!

Фото; Принтскрин/Јутјуб

Полнетите пиперки се старинско јадење, а најчесто пиперките се полнат со мелено месо и ориз. Но, постојат многу рецепти за полнети пиперки, а еден од најпопуларните е оној за полнети со сирење.

Денеска ви предлагаме да ги пробате пиперките полнети со пире од компири и домати, а ова вкусно јадење лесно се подготвува, поради што им успева и на почетниците во кујната.

Состојки:

– 3 пиперки
– 4 компири
– 1 кромид
– 1 домат
– 5 чешниња лук
– путер
– 150 мл млеко
– 1 китка мирудија
– 100 г тврдо сирење

Подготовка:

Исечете ги пиперките на половина по должина, а потоа извадете ги семките. Потоа, компирите излупете ги и исечете ги, па сварете ги.

Во тава со малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, па додајте го доматот исечкан на коцки. Сипете малку маслиново масло, па додајте го ситно сечканиот лук и мешајте. Компирите процедете ги, па додајте путер и убаво испасирајте. Потоа, сипете го врелото млеко и добро измешајте да се соединат состојките.

Додајте го сечканиот копар и измешајте, а потоа додајте го пржениот зеленчук и сè убаво соединете.

Наполнете ги пиперките, наредете ги во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Потоа, посипете со рендано сирење и печете уште 10 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот