Рецепт за лукумадес – традиционалните грчки крофни

Фото: Профимедиа

Ако го сакате тестото во сите облици, тогаш овој рецепт ќе ве воодушеви!

Едноставен е и сите состојки сигурно веќе ги имате во кујната, а невозможно е да му одолеете, па ве советуваме да си направите дупла мера.

Станува збор за малите грчки крофни што се нарекуваат лукумадес, во прашање се мали топчиња од тесто.
Крофните лукумадес треба да бидат крцкави и шупливи, а традиционално се служат со сируп од мед и посипани со цимет.

Состојки:
За крофни:

– 1 шолја (240 милилитри) млака вода
– ½ шолја млако бадемово млеко (може да искористите и обично, кравјо млеко)
– 2 шолји бело брашно
– 1 ќесичка сув квасец
– прстофат сол;
– 1 лажица масло за јадење + масло за пржење

За сервирање:

Шеќер, мед, цимет, јаткасти плодови (сечкани или мелени), шеќер во прав…

Подготовка:

Измешајте ги сите суви состојки, вклучувајќи го и квасецот. Потоа, додадете ја млаката вода и млекото и добро промешајте ги состојките додека не добиете течна смеса налик на тесто за палачинки.

Покријте го тестото со фолија и оставете еден до два часа да отстои, додека тестото не се крене и не добие многу меурчиња по површината.

Кога тестото ќе биде готово, сипете масло во подлабок сад и загрејте го. Кога маслото добро ќе се загрее, во него ставајте по една лажичка од смесата.

Пржете по околу четири крофнички одеднаш и тоа на умерена температура. Крофничките ќе испливаат на површината, па повремено вртете ги за да се испржат рамномерно.
Кога ќе попримат златно-кафеава боја, вадете ги од маслото и редете ги на хартија за да се впие вишокот маснотија.

Крофничките прелијте ги со мед, цимет и мелени јаткасти плодови или пак посипете ги со шеќер во прав, ако сакате поедноставни вкусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот