Рецепт за десерт кој брзо ќе го подготвите: Чоколаден колач со солена карамела

Фото: Pexels

Чоколадниот колач со солена карамела е едноставен, брз и вкусен десерт. Темното чоколадо е совршено избалансирано со солената карамела, што му дава уште повеќе вкус и длабочина.

Можете сами да направите карамела , не е комплицирано, а можете да користите и трик и да стопите меки карамел бонбони купени во продавница. Никој нема да ја забележи разликата. На крај испечениот колач посипете ја со крупна морска сол и уживајте во контрастот на слаткото и соленото.

Состојки:

– 200 г путер, плус за подмачкување
– 100 г темно чоколадо
– 100 г чоколадо со 50 проценти какао
– 400 г меки карамел бонбони, растопени на пареа или во микробранова печка
– 1 лажичка крупна морска сол, плус за посипување
– 200 г кафеав шеќер
– 4 јајца
– 130 г обично брашно
– 50 г какао во прав

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Меките карамел бонбони растопете ги на пареа или во микробранова печка. Намачкајте и обложете со хартија за печење тавче со големина од 23 на 23 см.

Во средна чинија растопете 200 г путер, во сад искршете го темното чоколадо и чоколадо со 50 проценти какао, потоа тргнете го садот од оган и почекајте чоколадото да се растопи и измешајте.

Во помал сад измешајте 175 г стопени карамела бонбони и 1 лажичка морска сол. Остатокот од стопените карамел бонбони ставете ги во поголем сад со 200 г шеќер и 4 јајца и измешајте со електричен миксер или матете додека смесата не се изедначи. Изматете ја смесата од чоколадо и путер во неа.

Во друг сад измешајте 130 г обично брашно, 50 г какао во прав и малку кујнска сол, па просејте го во чоколадната смеса. Измешајте кратко додека не се изедначи. Истурете половина од тестото во калапот и израмнете го со шпатула.

Половина од солената карамела намачкајте ја на тестото во 5 дебели, рамномерно распоредени ленти. Со лажица намачкајте го остатокот од тестото и измазнете го, но внимавајте да не ги згазите лентите од карамела. На горниот слој од тестото нанесете карамела, исто како и првиот слој. Користете чепкалка за да направите четири или пет потези нормално на лентите од карамела за да создадете мермерна шема и посипете со малку повеќе сол.

Печете 25 до 30 минути или додека колачот не нарасне и не почне да прави кора. Оставете целосно да се излади во калапот, па исечете на квадрати и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот