Рецепт за банана коцки: Ваков сочен и кремаст десерт не сте пробале!

Фото: Tatiana Volgutova / Alamy / Alamy / Profimedia

Рецептот за сочни банана коцки, кои ги оставаат без зборови и најголемите сладокусци, задолжително запишете го – сите ќе ви го побараат кога ќе ги пробаат.

Банана коцките се деликатес на кој е многу тешко да се каже „не“! Се прават неверојатно лесно, па во првата пригода израдувајте ги вашите најблиски со овој феноменален десерт.

Состојки:

– 4 дл млеко
– 4 лажици шеќер
– 1 ќесичка желатин
– 150 грама шлаг крем + млеко за матење
– 2 банани (испасирајте ги со виљушка)

За основата:

– 150 грама пишкоти (или бисквити)
– банани

Начин на подготовка:

Од 4 дл млеко одделете 1 дл млеко (ладно), потоа измешајте го желатинот да набабри (најдобро во плитка тава), а остатокот 3 дл млеко сварете го со шеќер.

Кога ќе зоврие, тргнете го од оган, веднаш прелијте го желатинот, промешајте да се растопи за да нема грутчиња и кога ќе се излади ставете го во фрижидер да се стегне (најдобро е во замрзнувач околу 10 минути, но внимавајте да не замрзне), треба да биде со густина на мед, да се ниша.

Потоа, изматете го шлагот со млеко, па во изматениот шлаг додајте ја смесата од желатин и банана и матете со миксер околу 10 минути. Во плех наредете ги пишкотите (бисквитите) малку натопени во млеко, па сипете го филот и оставете во фрижидер уште повеќе да се стегне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот