Ребел Вилсон со скандалозни тврдења: Член на кралското семејство ме покани на оргии, се делеше дрога

Ребел Вилсон / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Австралиската актерка Ребел Вилсон (44) неодамна ги објави своите мемоари „Подемот на Ребел“, а во нив откри шокантни детали од својот живот. Меѓу другото таа зборуваше за тоа како член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и употреба на дрога, пренесува „Пејџ сикс“.

Актерката не откри за кого точно станува збор, но напомена дека тој е „петнаесетти или дваесетти во редот за британскиот трон“. Како што наведува, поканата ја добила во 2014 година, а се работи за забава во Јужна Калифорнија.

Еден член на кралското семејство ѝ рекол дека бара „повеќе девојки“ за забава со средновековна тема. Забавата била организирана во куќа на милијардер во близина на Лос Анџелес.

„Каква совршена можност да најдам момче, си помислив“, напишала Ребел.

Во мемоарите таа опиша каква била забавата. Ребел напиша дека имало акробати, мажи кои се борат на коњи и базен полн со жени облечени како сирени. Исто така, таа тврди дека видела член на кралското семејство во моментот кога делеле дрога на послужавници.

„Гледам како член од британското кралско се превртува наоколу додека постојано ги кревам градите. Тие се мојата најдобра физичка карактеристика“, напишала таа.

Актерката изјавила и дека почнале да носат послужавници со дрога МДМА. Таа потоа ги прашала за што е тоа, на што тие одговориле: „А, тоа е за оргии… Оргиите обично почнуваат во овој момент“.

Одговорот ја шокирал, а потоа сфатила зошто им се „потребни повеќе девојки“. Ребел потоа побегнала од забавата и не била сведок на оргиите.

ФОТО | Ребел Вилсон ја запроси својата сакана во „Дизниленд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот