Реал Мадрид ја следи ситуацијата со ѕвездата на Ливерпул Александер-Арнолд

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата со една од ѕвездите на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, пишува новинарот Матео Морето. „Кралевите“ бараат нов десен бек како замена за Даниел Карвахал кој минатиот месец наполни 32 години.

Големи промени следуваат на „Енфилд“ откако менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп објави дека си заминува на крајот од сезоната.

Александар-Арнолд (25) има договор со „црвените“ до лето 2025 година. Во оваа фаза, двете страни сè уште не се во преговори за негово обновување, што може да биде од корист за шпанските гиганти.

На лето Англичанецот ќе влезе во последните 12 месеци од договорот, што би можело значително да му ја намали цената.

Реал сака да се засили и на левата страна на одбраната по најавите дека Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е сè поблиску до трансфер на Бернабеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот