Реакција на премиерот Рама по протестот на претседателот Мета

-Денес има извештај во Брисел кој треба нормално да го радува еден Претседател на Република, а тој експлодира како програмирана мина пред Вас. За мене тоа е нешто очекувано и не ме изненадува, рече Рама.

По протестот организиран од страна на претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама порача дека Парламентот нема да ја признае уредбата за распуштање на законодавниот дом.

Според Рама, по уредбата што ја потпиша шефот на државата на протестот за враќање на уставната надлежност за именување и давање заклетва на уставните судии што му ја одзеде парламентот, на Мета не му останало ништо друго како Претседател и оти тој, според Рама, ја „започнал кампањата внатре во опозицијата”.

-Каде е новото овде? Денес, Европска комисија даде препорака за започнување на преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ, објавувајќи извештај за напредокот што ја зајакнува минатогодишната препорака. Ова е вест на денот за мене. Денес има извештај во Брисел кој треба нормално да го радува еден Претседател на Република, а тој експлодира како програмирана мина пред Вас. За мене тоа е нешто очекувано и не ме изненадува, рече Рама.

Посочи дека претседателот на Републиката не може да потпише вакви уредби, додека Илир „кој веќе нема ништо со функцијата Претседател денес започна кампања во рамките на опозицијата, па може да потпише уредба за објавување војна на САД, но парламентот нема да го признае тоа” иронизираше Рама.

-Повторувам дека добрата вест денес е дека вистинска Албанија доби последователна поддршка во Брисел, додека Албанија која го остварува целиот овој напредок станува сè повеќе проблем за оние што се собрани денес. Лошата вест денес е дека Демократската партија се претвори во фигуративен сервис за Претседателот, рече Рама.

Претседателот Мета на протестот потпиша уредба со која на повторно разгледување го враќа законот со кој му се одземаат споменатите надлежности. Тој се заколна дека доколку тоа не го направи парламентот до 15 мај, кога треба да заврши изборната реформа ќе го распушти парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот