Реакции по судската одлука за Бериша: Рама не коментира одлуки за лица „нон грата“

Еди Рама и Сали Бериша
Еди Рама и Сали Бериша / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ/VALDRIN XHEMAJ

По одлуката на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција за Сали Бериша, за домашен притвор, 24 – часовен полициски надзор и забрана за комуникација со други лица, освен со оние со кои живее во станот, стигнаа и првите реакции.

Албанскиот премиер Еди Рама, на големиот интерес на новинарите околу ова прашање рече дека „не сака да коментира за лица кои се прогласени за нон грата од Соединетите американски држави“.

„Немам никаков коментар за нон грата, бидејќи не се занимавам со некој што е прогласен за нон грата од САД, тоа го кажав и порано, рече тој, охрабрувајќи ги правосудните органи да го „казнат секое лице вмешано во незаконски активности“.

Американскиот Стејт департмент, Бериша го прогласи за непожелна личност во мај 2021 година, поради вмешаност во корупција, додека во јули следната година тоа го направија и британските власти.

Познатиот универзитетски професор, поранешен министер за здравство и актуелен пратеник, демократот Тритан Шеху, во објавата на социјалните мрежи ја спореди Албанија со Русија, наведувајќи дека се на исто ниво на демократија.

„Русија и Албанија, исто ниво на „демократија“! Русија и албанскиот режим го апсат лидерот на опозицијата. Бараат да го изолираат лидерот на опозицијата. А во Албанија, уште полошо, без никаква конечна одлука, макар и формална! Само со обвинувања, кои всушност не се обвинувања, се само претпоставки. Со ова Албанија се подредува со светските режими каде што се бара власта да се одржува со репресивни методи“, обвинува Шеху.

Поред него, онаму каде што не се почитуваат законите на државата, и самиот Устав, за европски права не ни станува збор а „таквата состојба не може и нема да трае бесконечно“.

На одлуката на судот иронично реагираше и синот на Бериша, Шкелзен Бериша.

„Новогодишна честитка на Рама е апсење и изолација на лидерот на опозицијата“, напиша тој на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот