Разочарување во Мадрид: Нова тешка повреда на Куртоа, тренингот го завршил во солзи

Фото: EPA-EFE/Sergio Perez

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се врати на тренинзите по повредата и операцијата на предните вкрстени лигаменти на левото колено, но од денешниот тренинг на „кралевите“ повторно пристигнуваат лоши вести за белгискиот голман.

Враќањето на Куртоа беше планирано за во април и постепено Анчелоти го воведуваше во режимот на тренинг, меѓутоа денешниот тренинг Куртоа го завршил во солзи.

Белгиецот почувствувал болки во десното колено и стравувањата се дека во прашање е менискусот и ако тоа се потврди, тогаш за него сезоната е дефинитивно завршена. Се очекува да биде надвор од теренот најмалку два месеци со тоа што не е познато дали ќе биде потребна операција.

Претходната повреда на вкрстените лигаменти на левото колено Куртоа ја доживеа во аввгуст и секако дека оваа нова повреда за него претставува тежок удар.

Во целата несреќа за Реал Мадрид е добро што Андреј Лунин брани во одлична форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот