Разочарување за Меси и Аргентина на стартот од Копа Америка (ВИДЕО)

Аргентина и Лоинел Меси со пораз ги започнаа настапите на Копа Америка. Подобра од „гаучосите“ беше селекцијата на Колумбија која победи со 2:0 и дојде до првата победа во меѓусебните натпревари на еден турнир во овој век.

Творци на победата на Колумбија беа резервистите Роџер Мартинез кој во 71 минута го отвори резултатот, а конечниот резултат го постави Дуван Запата во 86 минута.

– Во второто полувреме имавме свои шанси и ќе биде потребно време за да го прифатиме поразот. Ајде да бидиме како ќе изгледаат наредните денови, мораме да гледаме напред и да одиме понатаму. Очигледно е дека не сакавме да го започнеме натпреварувањето на овој начин но мораме да ги кренеме главите и да продолжиме да се бориме – вели Меси по првиот пораз на Аргентина на отворањето на Коша Америка уште од 1979 година.

Аргентинците шанса за поправен ќе имаат во четврток кога играат против Парагвај, а идната недела во последното коло од Групата Б се среќаат со Катар.

Во вториот натпревар, репрезентациите на Венецуела и на Перу одиграа без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот