Разбојниците кои го нападнаа српскиот фудбалер Душан Тадиќ добија затворски казни

Фото: EPA-EFE/Robert Hegedus

Минатата година двајца разбојници го нападнаа српскиот фудбалер Душан Тадиќ во Амстердам, а сега се осудени на затворска казна.

Едниот напаѓач (Мухамед Ф.) доби затворска казна од една година додека неговиот сочусник и брат Мухамед Ел.К зад решетки ќе помине шест месеци.

Во инцидентот напаѓачите некое време го следеле Тадиќ по што го нападнале сакајќи да го ограбат. Српскиот фудбалер од нападот се здоби со полесни повреди.

Полицијата во Амстердам брзо ги идентификуваше и тргна во нивна потрага, а сега двајцата ќе си ја одлежат казната. Од голема помош во апсењето и утврдувањето на идентитетот биле поставените безбедносни камери во близина на инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот