Раст на прометот на индустријана во мај во однос на претходниот месец

За периодот јануари – мај годинава во однос на тој период лани намалување од 19,8, објави денеска Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата, во мај 2020 година во однос на април годинава има раст од 34,7 отсто, а во однос на мај 2019 година, бележи пад од 36,6 отсто. За периодот јануари – мај годинава во однос на тој период лани намалување од 19,8, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,6 отсто, Капитални производи за 57 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 35,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, има намалува од 13,6 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање ка Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8  отсто, Капитални производи за 16 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 34,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18,1 осто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2020 година, во однос на април 2020 година, има пораст од 5,3 отсто, додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, има намалување од 4,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, белеѓи пад од 43,2 отсто.

Гледано по главни индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 26,5 отсто, Капитални производи за 57,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 39,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 20,4 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2020 година, во однос на април 2020 година, има зголемување од 53,6 отсто,  додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, намалување од 24 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот