РАМАЗАНСКИТЕ ПОСТИ НЕ ГИ СОПРЕА МИГРАНТИТЕ: Врие од илегалци на македонските граници (ВИДЕО)

Бројот на мигранти кои илегално влегле во земјава и кои слободно шетаат во регионот помеѓу Гевгелија и Богданци, посебно во селата, чекајќи погодна можност исто така илегално да заминат кон Србија, од ден во ден се повеќе се зголемува, дознава „Слободен печат“.

Жителите на овој регион од Македонија велат дека присуството на странци не ги вознемирува, бидејќи во изминативе пет години веќе научиле секојдневно да гледаат „чудни“ и црномурести странци во нивното место на живеење.

Исто така, зголемен е и бројот на илегалци во кумановското село Ваксинце од каде тие тајно, најчесто искористувајќи ја ноќта за сојузник од Македонија, односно преку нива во селото безбедно ја преминуваат граничната линија со Србија и од таму заминуваат кон некоја од земјите од Европската Унија.

Дека бројот на илегални влегувања се зголемува покажуваат и зголемениот број на полициски акции, но и отворените истраги на Основното јавно обвинителство (ОЈО) на Македонија. Имено, обвинителство на Македонија од почетокот на годинава до денес има реализирано неколку случаи во кои македонски и странски државјани им помогнале на 150 мигранти да влезат во земјава од Грција во обид да стигнат до македонско-српската граница и преку Србија да заминат кон земјите од ЕУ.

Бројката од 150 откриени мигранти која е официјална, според упатените во пракса е најмалку пет пати поголема. За тоа говорат и самите откриени случаи на МВР. Безмалку еднаш неделно во полициските билтени има информација дека е откриена група мигранти сокриени во патничко или товарно возило кои илегално од Грција влегле во земјава.

Податоците говорат дека речиси 17.000 мигранти се обиделе минатата година нелегално да влезат на македонска територија. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, бројот на илегални мигранти во 2018 година е четири пати поголем во споредба со 2017 година.

Лани полицијата спречила 16.895 мигранти луѓе илегално да ја преминат македонската границата, една година порано тој број бил 4.129, а во 2016 пак 127.358 лица.

Само во 2018 година МВР има регистрирано 58 случаи на криумчарење. Тогаш се откриени 891 нелегален мигрант од Авганистан, Пакистан, Бангладеш, Ирак и Иран. Сите досега октриени мигранти, па и тие кои се откриваат во пограничниот појас кон Србија и Косово со полициска придружба се враќаат во земјата од каде што влегле во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот