Рамадани: Сите се спремаат за локални, а всушност мислат на парламентарните избори

Исмет Рамадани во гостување на ТВ21 / 21 септември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Поранешниот пратеник во Собранието и член на Партијата за демократски просперитет (ПДП), Исмет Рамадани, во гостувањето на ТВ21 рече дека има впечаток оти политичките партии, подготвувајќи се за претстојните локални избори, всушност размислуваат за следните парламентарни избори.

„Некако се спремаат за локални избори, а сите мислат на предвремени парламентарни избори. Реториката е таква. Мислам дека последните години со тие мандати, по две години, тоа што Никола Груевски го воведе, како да не можат да се стрпат што побрзо да се дојде на власт“, рече Рамадани.

Тој додава дека тие кој се на власт веќе ги прават своите математики и мислат, на пример, да не го изгубат Скопје, затоа што со тоа ќе дојде во прашање нивниот легитимитет.

„Тоа е една карактеристика која можеби уште поинтензивна ќе биде на самите избори. А што се губи тука? Тука се губи во однос на тие потреби секојдневни на граѓаните, таму каде што живеат“, додаде Рамадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот