Рама за Мета: Не се занимавам со претседателот, за мене тоа е голем луксуз

Фото: МИА

„Претседателот има куќа и тоа повеќе од една. Јас мислам за домовите на албанските граѓани. Тука за оние што живеат во шатори или во други изнајмени објекти, а кои чекаат да се вратат во своите домови. Со нив сум тука, не само на денешната средба, туку во секој час од денот и цела ноќ. Ви го оставив вам прашањето за претседателот, не се занимавам со претседателот. За мене тоа е голем луксуз“, рече Рама.

Присуствувајќи на средба на која се презентираа проекти за реконструкција за домовите на семејствата погодени од земјотресот од 26 ноември, албанскиот премиер Еди Рама,одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на претседателот Илир Мета дека владата подготвува државен удар, иронично одговори дека „Мета им го остава на новинарите, затоа што за него голем луксуз е да се занимава со претседателот“.

– Претседателот има куќа и тоа повеќе од една. Јас мислам за домовите на албанските граѓани. Тука за оние што живеат во шатори или во други изнајмени објекти, а кои чекаат да се вратат во своите домови. Со нив сум тука, не само на денешната средба, туку во секој час од денот и цела ноќ. Ви го оставив вам прашањето за претседателот, не се занимавам со претседателот. За мене тоа е голем луксуз – рече Рама.

Со уште поголема иронија и потсмев вратија од кабинетот на Мета.

„Кажете и на сопругата на Билали дека претседателот има само еден дом, а тоа е Албанија. Колку куќи има сопругата на Билали прашајте сами“, напиша на Фејсбук портпаролот Теди Блуши.

Односите на релација претседател – премиер достигнаа кулмнација, само неколку дена пред оддржување на протестот што го организира Мета.

Под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единството на народот“, претседателот Илир Мета ги повика Албанците да се обединат на плоштадот „Народни херои“ на втори март.

Според електронското издание на весникот „Коха јон“, зад оваа изјава Блуши му одговорил на премиерот со „сопругата на Билали“, потсетувајќи го за нелегално платените 80.000 долари за фотографија со Барак Обама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот