Рама му се закани на Илир Мета

EPA-EFE/FILIP SINGER

Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека претседателот на Албанија, Илир Мета го изгубил правото да остане во својата канцеларија. Според него, одлуката за откажување на изборите кои беа закажани за 30 јуни не е последното чудо на Илир Мета, нагласувајќи дека такви ситуации ќе има се повеќе.

– На опозицијата вчера како спасител ѝ се појави Претседателот на републиката, предупредувајќи дека планот е политичко самоубиство, законски е ништовен, не постои и е морално срамен. И немојте да бидете изненадени ако ви кажам дека од фронтот на спасувачот на опозицијата, се уште не сте виделе ништо. Тоа не е последната лудост, ќе има повеќе. Едно е сигурно, дали Сали сака или дали Љулзим сака или не, изборите ќе се одржат на 30 јуни. Уставот на републиката не е филџан што се превртува. Изборите не се дното на турското кафе кое се превртува со се филџанот. Вчера Илир Мета ја напиша својата судбина како претседател, кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија – предупреди шефот на албанската владата Еди Рама пренесе „Топ Чанел“.

Инаку претседателот на Албанија, Илир Мета, синоќа ги откажа локалните избори од 30 јуни, поништувајќи ја својата одлука од минатиот ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот