Рама: Цените за роаминг меѓу Европа и Западен Балкан до 99 отсто помалку

Еди Рама / Фото: SOEREN STACHE / AFP / Profimedia

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска ја сподели радосната вест дека од 1 октомври цените на „интернет роаминг“ меѓу Европа и Западен Балкан се намалени во просек за 99 отсто, пренесува Телеграфи.

Рама рече дека овие цени се конкретизирани по потпишувањето на договорот на историскиот декемвриски самит во Тирана. Во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржа на 6 декември 2022 година во Тирана, беше потпишан Договорот за роаминг со кој се отвори патот за почеток на процесот за укинување на роаминг таксата меѓу земјите од Европската Унијата и Западен Балкан.

Договорот беше потпишан во присуство на 6-те лидери на Западен Балкан, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот