Рафа Надал ја доби најдобрата можна вест, ова го чекаа неговите навивачи

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанскиот тенисер не игра од јануари поради повреда, а Рафаел Надал би можел да настапи на следните Летни олимписки игри следната година и покрај тоа што не ги исполнува условите за учество.

Не играше за својата репрезентација на Дејвис купот во последните две години, но и покрај тоа би можел да биде на Олимпијадата во Париз.

Ако се погледне во минатото, знаеме дека имало исклучоци, а еден од нив може да биде пресуден кога е во прашање настапот на Рафа.

Доколку некој тенисер во минатото се истакнал на Дејвис купот или на Олимписките игри, тоа ќе биде доволно да го обезбеди настапот на најголемиот спортски настан“.

Надал има златен медал во сингл во 2008 година и злато во дубл во 2016 година на Олимписките игри. Плус Рафа има пет трофеи во Дејвис куп натпреварувањето, па се очекува да добие шанса да игра и во Париз, секако под услов да биде здрав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот