Радев со нова порака: Бугарија е втор центар на цивилизацијата по Византија

Румен Радев и Илијана Јотова се избрани за претседател и потпретседателка на Република Бугарија/ Фото: МИА

Бугарија ѝ даде букви и писменост на Европа уште пред 12 век, а благодарение на старобугарската книжевност која никна во Преслав и во Охрид, Бугарија стана втор центар на цивилизацијата по Византија. Ова е оценката на претседателскиот двоец во Бугарија, Румен Радев и Илијана Јотова кои учествуваа на Меѓународниот форум за кирилицата на тема „И ние сме му дале нешто на светот“.

Форумот, како шѓто објави БГНЕС, е во организација токму на Јотова која порача дека претседателската институција оддава признание на научните откритија на бугарските интелектуалци и нивната упорност во барањето на вистината за богатата бугарска култура.

– Недозволиво е денеска историјата да се менува и преиначува во корист на геополитички интереси, вели Јотова.

Според неа, опасна е тенденцијата бугарскиот јазик да се изместува со факти кои немаат ништо заедничко со науката. Кирилицата, вели, е амблем на православието, а освен тоа, „го докажува бугарскиот придонес и во Европа и во Северна Азија“. На Форум, како што најави Јотова, треба да бидат разгледани перспективите на кирилицата во новата дигитална ера.

Радев, пак, кажа дека не може да се говори за кирилицата без да се спомене придонесот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици.

– Претворајќи се во наш најскапоцен дар за човечката цивилизација, кирилицата гради мостови, изјави радев, додавајќи дека таа продолжува да им служи на десетици националности низ светот.

Епископот Полиакрп, од името на бугарскиот патријарх и софиски митрополит Неофит порача дека денес има потреба од чувари на делото на светите браќа Кирил и Методиј, како и на нивните ученици, бидејќи Бугарите се наследници на достојните предци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот