Работнички се засили со поранешен играч на Лестер

Фото: lcfc

Eкипата на Работнички денеска потпиша договор со три засилувања, меѓутоа едно од нив се издвојува бидејќи станува збор за фудбалер кој бил дел од англиски Лестер.

Нов член на Работнички е 24-годишниот Али Регба. Минатата година настапуваше во Белуиздад од Алжир, но своевремено го носеше дресот и на младинскиот тим на поранешниот англискиот шампион Лестер каде што помина три години.

Покрај Лестер кој секако е најзвучно име го носеше дресот и на Бохемијас од Ирска.

Освен Регба потврдени се и пристигнувањата на Сефа Кахраман и Емре Кадри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот