Путин: Москва беше принудена да одговори на украинските напади

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/NATALIA KOLESNIKOVA / POOL

Москва беше принудена да одговори на украинските напади врз руските енергетски капацитети, но се воздржа од такви напади во текот на зимскиот период, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

-За жал, во последно време видовме серија напади врз нашите енергетски капацитети и бевме принудени да одговориме. Од хуманитарни причини не извршивме никакви напади во зима, имајќи предвид дека не сакавме да ги оставиме социјалните институции, болниците и слични објекти без струја, но по нападот на нашите енергетски објекти бевме принудени да одговориме, рекол Путин.

Како што е познато денес и утре во официјална посета на Русија е Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот