Путин: Целосна глупост се изјавите на Бајден за можен руски напад врз земјите на НАТО

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/ALEXANDER KAZAKOV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Русија нема проблеми со земјите од НАТО, тие се оние кои вештачки создаваат проблеми, тие не сакаат конкурент како Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за телевизијата „Русија 1“,Путина кажа дека НАТО е дворот на САД и дека САД се сопственикот на оваа воена организација.

Изјавите на американскиот претседател Џозеф Бајден за можен руски напад врз земјите од НАТО, според рускиот претседател се целосна глупост и бесмислица.

-Тоа е целосна глупост и сигурен сум дека претседателот Бајден го разбира тоа. Тоа е само маневар за оправдување на неговата погрешна политика кон Русија – додаде Путин.

Рускиот лидер повтори дека Западот сака да ја уништи Русија по распадот на СССР и додаде дека на почетокот на 2000-те имал „наивна идеја за тоа како Западот се однесува кон Русија“.

-И покрај фактот што работев речиси 20 години во безбедносните агенции и советската контраразузнавачка служба, сепак имав наивна идеја за тоа како целиот свет, а пред се таканаречениот Запад, се однесува кон Русија. Сега велам со апсолутно убедување дека таканаречениот цивилизиран свет треба да разбере што се случи со Русија и дека веќе нема идеолошка основа за конфронтација – рече Путин.

Според рускиот лидер, на западните земји не им треба земја голема како Русија и затоа тие веруваа дека, согласно предлогот на познатиот американски политичар Збигњев Бжежински, најдобро би било да се подели на пет дела, што потоа би можеле да бидат подредени и отворени за Западот слободно да ги користи сите расположливи ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот