Пуштени во продажба билетите за натпреварите против Грузија и Гибралтар

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети, МК Тикетс започна со продажба на билети за натпреварите на сениорската македонската  репрезентација против Грузија и Гибралтар кои ќе се играат на 9. и 12. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки Лигата на нации.

Влезниците се продаваат по цена од 250 денари за северната трибина, 250 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350 денари за централните блокови 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот