Пукање во Црна Гора: Маж од Косово со рафал од автоматска пушка се обидел да убие три лица

Полиција Црна Гора/ Фото; Архива на Слободен печат

Припадниците на црногорската полиција го уапсиле Д.Ѓ (77) од Косово и Метохија, осомничен дека се обидел со рафали од автоматска пушка да ги убие Г.Н.(54), Л.Н.(30) и Д.Н. (47) од Подгорица.

Д.Ѓ. во кругот на една градежна фирма покрај Подгорица по кратка вербална расправија пукал од автоматска пушка на трите лица.

Полицијата го лишила од слобода Д.Ѓ. и од него се одземени автоматска пушка „М70“, југословенска верзија на „калашников“ и 107 куршуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот